Зголемен интересот за руралниот туризам

Bez autora
Dec 21 2010

За поддршка на руралниот развој в година се предвидува да бидат обезбедени 12 милиони евра. Годинава од вкупно проектираните 10 милиони, се реализираа 72 отсто. Најголем број корисници на средствата се индивидуалните производители на кои земјоделството им е примарна дејност, а најмногу пари се побарани за набавка на земјоделска механизација. Според Министерството за земјоделство, годинава посебно изненадува интересот за развој на руралниот туризам. За развој на руралниот туризам најголем интерес покажале општините од источна Македонија (Берово, Пехчево, Делчево), кои аплицирале за 31 милион денари, скопските општини (Сопиште, Студеничани, Сарај, Илинден, Петровец и Гази Баба) со побарани 20 милиони, како и општините од југозападниот дел, Струга, Македонски Брод, Кичево и од Пелагониско (Битола и Демир Хисар) со 12 милиони.

Зголемен интересот за руралниот туризамЗа поддршка на руралниот развој в година се предвидува да бидат обезбедени 12 милиони евра. Годинава од вкупно проектираните 10 милиони, се реализираа 72 отсто.

Најголем број корисници на средствата се индивидуалните производители на кои земјоделството им е примарна дејност, а најмногу пари се побарани за набавка на земјоделска механизација.

Според Министерството за земјоделство, годинава посебно изненадува интересот за развој на руралниот туризам.

За развој на руралниот туризам најголем интерес покажале општините од источна Македонија (Берово, Пехчево, Делчево), кои аплицирале за 31 милион денари, скопските општини (Сопиште, Студеничани, Сарај, Илинден, Петровец и Гази Баба) со побарани 20 милиони, како и општините од југозападниот дел, Струга, Македонски Брод, Кичево и од Пелагониско (Битола и Демир Хисар) со 12 милиони.

- Заинтересираните корисници бараат зголемување на поддршката за да се опфатат што поголем број проекти и инвестиции. Владата, во таа насока и следејќи ги европските трендови, за 2011 година предвидува зголемување на проекциите до 12 милиони евра - нагласуваат од Министерството за земјоделство.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik